Педесет и двегодишен маж, Б.Д. од Кондово, со моторно возило „исузу М55“ удрил во педесет и едногодишниот Н.А. – вработен во „Водовод и канализација“.
Од незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница Свети „Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.
На местото на настанот извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.