Град Скопје, традиционално во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ-Скопје избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ и најдобро кафуле во град Скопје.
Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по десети пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.
Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови во градот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат денеска добија признанија за својот квалитет и престиж.
Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1.„ Оливе“, 2.„Лајт џез клуб“ и 3.„Македонска куќа“, најдобри три гостилници се: 1. „Сношти минав“, 2. „Кафана“ и на третото место се пласираше „Скара бар“, а најдобри во категоријата кафе барови се: 1.„ Рок Бар Круг“, 2. „ Mr. Jack“ и 3. „ Speakeasy“.