Големото дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда одново донесе немили сцени на трибините, но за разлика од обично, овојпат големиот хаос настана на јужната трибина на стадионот „Хумска“ каде како што информираат српските медиуми, дошло до жестока тепачка меѓу „Гробарите“ и нивна подгрупа која правела фракции во последно време.
Мора да се напомене дека сцените кои пристигнаа од Србија ја згрозија комплетната спортска јавност и највлијателните светски медиуми ги пренесоа шокантните слики од Белград, а колку всушност беше крваво на јужната трибина на стадионот на Партизан најдобро ни говорат четирите фотографии кои ги издвои српски „Телеграф“ како доказ за злочинот.
Членовите на фракцијата на „Гробари“ беа брутално претепани и облеани со крв, а дел од нив стадионот го напуштија соблечени до гола кожа и со сериозни повреди
https://www.youtube.com/watch?v=kTaotkJAhG0
https://www.youtube.com/watch?v=L5oB1otKRZI