Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека на претседателските избори во март 2018 година ќе се појави како независен кандидат.
Изјавата беше дадена во рамките на традиционалната годишна прес-конференција, на која претседателот одговори на 65 прашања на руски граѓани во времетраење од 3 часа и 42 минути.
Во врска со изборите Путин додаде дека доколку добие нов мандат, ќе се фокусира врз развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и високата технологија, но одби да открие информации за неговата изборна кампања. Во врска со недостигот од конструктивна опозиција, Путин истакна дека е важно да не се прави бучава на плоштадите или во парламентот, па дури и да се зборува за антинационален режим, туку да се понуди нешто подобро. Рече дека најлесно е да се каже дека не е негова работа да ги обучува своите противници, но изрази желба за конкурентна политичка атмосфера во Русија.
На прашање за односите со САД и Доналд Трамп, Путин рече дека американскиот претседател има пред себе важни задачи за извршување, меѓу кои реформите во здравството. Изрази надеж дека Трамп не загубил желба за подобрување на билатералните односи и заклучи дека тоа би било во интерес и на двата народа.
Што се однесува до истрагата во врска со руска интервенција на американските претседателски избори, Путин дециден дека тоа се обвинувања на луѓе што се против Трамп.