Маглата и утринава предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот во државата.
Намалена видливост од 50 до 100 метри има на обиколницата околу Скопје, како и на патните правци Скопје – Катланово и Скопје – граничен премин Блаце.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
На скопскиот аеродром утринава се откажани сите планирани полетувања и слетувања. Само еден лет е пренасочен на аеродромот во Приштина.