Руската амбасада одговори на прашањето на американската амбасада: „Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ што вчера го објави на официјалниот профил на Твитер.
„Сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од американската амбасада кои бараат идеи за намалување на загадувањето на воздухот. Турски тек“, објавија од руската амбасада на Твитер, алудирајќи на тоа дека со природниот гас во домаќинствата би се намалило загадувањето.
Од Американската амбасада, пак, објавија фотографија на Твитер под која напишаа дека загадувањето во Скопје беше многу високо што одвај се гледала амбасадата.