,,Мировната Формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски нема никаква врска со мирот, тоа е збир на нереални ултимативни барања за нашата земја, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа потсети дека дел од тие барања се повлекување на силите од руските региони: ДПР, ЛНР, Запорожје и Керсон, па дури и Крим, исплата на репарации.
– Целта на украинската „мировна формула“ е капитулација на Русија со помош на Западот – оцени Захарова.
Вака портпаролката ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба во разговор со неговиот кинески колега Чин Ганг, во која украинскиот министер подвлече дека „формулата за мир“ на Зеленски е важна за запирање на агресијата и враќање на праведниот мир во Украина.
– Сите земји кои сакаат да придонесат за нормализирање на ситуацијата, своите апели за мир треба да ги насочат кон Киев и неговите покровители, кои се повеќе ја вовлекуваат Украина во опасен вител на конфронтација – рече Захарова.
Според неа, мислењето на украинските власти за кое било меѓународно прашање би имало барем одредено значење само доколку Украина го зачува својот суверенитет од САД, но тоа не е така.
Таа заклучи дека режимот во Киев одамна е инструмент на САД и другите земји од НАТО во борбата против Русија и тие воопшто не се заинтересирани за мирно решение на ситуацијата,пренесе Новости.рс.