Специјалното јавно обвинителство утрово врши претреси во домовите на на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка, Елизабета Канческа – Милеска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Од СЈО не ја потврдуваат информацијата.
Засега не е познато дали претресите се вршат во рамките на нова предистражна постапка и за што станува збор.
Инаку, Канческа-Милевска е обвинета и и се суди во случајот „Тендери“, додека Божиновски е обвинет во случајот „Титаник“, за изборни нерегуланости.