Нападнат малолетник во автобус на ЈСП

Нападнат 15 годишен малолетник во автобус на ЈСП

На 14.12.2017 година во 18,00 часот  Е.Н.(36) пријавила дека истиот ден околу 13,20 часот нејзиниот 15- годишен малолетен син додека се возел со своите четворица  другари во автобус на ЈСП со бр.65 кој сообраќал на релација  од с.Стајковци до  Транспортен  Центар- Скопје,  во с.Сингелиќ  во автобусот влегле повеќе непознати лица на возраст од 15-18 години кои  откако се качиле на горниот кат од автобусот најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари.

Истиот се здобил со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош. 

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави