По 10 часа претрес одземени двата телефони и компјутерот на Канческа Милевска
Околу десет часа траел претресот во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, објави ТВ 24, при што и биле одземени два мобилни телефони и компјутер.
Едниот бил приватен, а другиот службен од Собранието, што го користела половина година.
Одземениот компјутер е сопственост на нејзиниот син.
Информацијата за ТВ 24 ја потврдил адвокатот на Канческа Милевска, Сашо Дуковски. Од СЈО и од МВР не откриваат никакви детали за денешниот претрес.