Македонскиот премиер, Зоран Заев, изјави дека нема да има реконструкција на македонската Влада.
Тој на пресот со неговиот албански колега, Еди Рама во Подградец, по заедничкиот состранок на Владите на Македонија и Албанија истакна дека нема да има реконструкција на Владата и додаде дека празните министерски места ќе бидат потполнети со нови министри кои во понеделник ќе се најдат во Собранието на Македонија.
Заев во врска со законот за јазиците во Македонија истакна дека станува збор за современ закон и дека очекува истиот да се усвои до крајот на јануари. Тој ги повика политичките парламантарни партии во Македонија заедно да го усвојат, како што истакна, овој значаен закон.