Утре во 12 часот пред Владата на Република Македонија ќе се одржи протест поради високата загаденост на воздухот во Скопје.
Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“. Организаторите напоменуваат дека иницијативата не потекнува од политичка партија, туку од загрижени граѓани.
Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…