Неколкумина загинаа во силниот земјотрес, со интензитет од 6,5 степени, според Рихтеровата скала, што денеска го погоди индонезискиот остров Јава.
Земјотресот предизвика големи материјални штети. Засега бројот на загинати не е познат.
Индонезиските власти издадоа предупредување за цунами за дел од островот Јава.
Епицентарот на земјотресот бил на 52 километри југозападно од градот Тасикмалаја, со длабочина од 92 километри.