21 декември неработен за припадниците на турската заедница
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21 декември 2017 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.