Шпанката Ана Вела Рубио, најстарата личност во Европа, умре на возраст од 116 години и 47 дена во пензионерскиот дом во Барселона.
Ана Вело Рубио, поранешна кројачка, умрела во петокот, а последните четири месеци со неа во истиот пензионерски дом живеела нејзината 90-годишна ќерка.
Ана Вела Рубио е родена на 29 октомври 1901 година во гратчето Пуенте Генил, во близина на Кордоба, а од 40-тите години од минатиот век живеела во Каталонија.
Таа ја преземала круната на најстара Европјанка кога на 15 април оваа година умре Италијанката Ема Морано, која беше стара 117 години и 137 дена.
Со смртта на Ана Вела Рубио најстара жива личност во Европа стана уште една жена од Медитеранот, Италијанката Џозепина Пројето, која има 115 години и 200 дена.
А, најстара жива личност на светот е Јапонката Наби Тајима, која има 117 години и 134 дена.