Попладнево во водите на реката Вардар забележан е жолт „нисан“ со вклучени светла како плута во реката.
МВР откри дека возилото паднало во реката во близина на новиот МНТ. Автомобилот бил паркиран под мостот „Гоце Делчев“. Негова сопственичка, според МВР е актерката Весна Петрушевска. После долготрајни маки, екипи на скопската противпожарна единица кај „Холидеј Ин“ го извлекоа возилото.