Водоснабдителен систем во Раштак, со кој комплетно е завршена високата зона во ова населено место е пуштен денеска во употреба.
Системот е финансиран од Европската Унија во износ од 7,3 милиони денари и кофинансиран од општина Гази Баба од 1,4 милиони денари.
Градоначалникот Борис Георгиевски, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на овој систем информира дека со него комплетно е завршена високата зона во н.м Раштак и е обезбедена количина на вода од 120 м3 во секунда со нов резервоар, кој е функционален и употреблив.
Најави дека наредната година општина Гази Баба ќе продолжи со изградба на водоводна мрежа во ниската зона, во должина од 4 км за да може секое домаќинство во н.м Раштак да добие чиста вода за пиење.