Пратеничката од албанскиот Парламент, Моника Кријеманди се обиде со чевла да го погоди албанскиот премиер Еди Рама.
Во тој момент се водеше бурна расправа за именување на новиот државен јавен обвинител на Албанија.
Обезбедувањето го заштити премиерот со чадор. Опозицијата претходно фрли и солзавец непосредно пред Рама. Опозиционерските пратеници ги гаѓаа со хартија и претседателот на Парламентот.
Опозициските пратеници тврдат дека изборот е нелегален и бараат формирање на специјална комисија која би го избрала државниот обвинител.
Во тој период пред парламентот дошло до судири помеѓу приврзаниците на опозицијата, кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот и да ја прекинат седницата, со албанската полиција.
Полицијата успеа да ги запре демонстрантите, а медиумите јавија дека се повредени неколку лица.
– Ова е почеток на народно востание, изјави лидерот на најголемата опозициска Демократска Партија, Лулзим Баша и најави демонстранции и политички мерки во Парламентот.