Бурни критики во СДСМ и лекарската фела по изборот на нов министер за здравство

Изборот на неврохирургот, Венко Филипче кој беше советник на екс министерот за здравство, Никола Тодоров, а сега е советник во владата на премиерот Заев, за нов министер за здравство, предизвика силни реакции во јавноста.

На социјалните мрежи реагира и лекарската фела која во времето на Тодоров штрајкуваше против “плата по учинок” а уште пожестоко реагираат членовите на Шарената револуција затоа што Филипче според порталот А1 Он бил потписник на професорскиот контра пленум и учесник на лекарските контра протести како и член на национални комисии кај министерот Тодоров.

Во некој од рестораните е седнат со Ирина Пановски и со министерката Шекеринската па се поставуваше прашањето дали Пановска во позадина ке раководи со министерството и ке си дели тендери.

Филипче откако стана советник во новата влада на Заев изјави дека бил доведен во забуна односно дека од колеги бил информиран дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет.

Венко Филипче е син на оториноларингологот Илија Филипче кој во деведесеттите години од минатиот век, од 1994 до 1997 година како член на Социјалистичката партија беше министер за здравство во владата на Црвенковски

Венко Филипче важи за еден од најдобрите македонски лекари кој соработува со врвни меѓународни здравствени институции.

25488317_390043568116622_5606802653916145006_o.jpg

 

Треба да знаете
Последни објави