Благојчо Ѓорѓиев од Кочани, на јавноста познат како учесник во Шарената револуција, кој поради сообраќајна несреќа останал во инвалидска количка испрати текст до „Поглед.мк“, пренесувајќи свое лично искуство со идниот министер за здравство Венко Филипче
Во писмото, Ѓорѓиев го обвинува Венко Филипче дека не доктор, туку парољубец и класичен материјалист, поради кој тој лично е 4 години во судските лавиринти.
-Бидејќи гледам дека се алудира да биде Министер за здравство ВЕНКО ФИЛИПЧЕ еве едно мое лично искуство.
Од осигурителните компании што водам судски спор со нив бидејки останав инвалид во сообраќајна несреќа ме пратија кај Венко на вештачење и замислете, докторчето напиша во неговиот извештај дека не е сигурен дали инвалидноста ми е здобиена од сообраќајната незгода, а јас после сообраќајката лежев 72 дена во болница и во прилог му е доставена еден ТОН документација пропратена со КОНЗИЛИЈАРНИ МИСЛЕЊА од доктори СПЕЦИЈАЛИСТИ кои ТВРДАТ дека инвалидитет ми е како последица на СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА.
Еве едно од “ХУМАНИТЕ” дела на Венко Филипче, сега сум во ДИЛЕМА дали Венко е неписмен или лапнал пари за да го напише тој извештај?! Инаку, поради неговиот извештај СУДОТ НАЛОЖИ да морам да одам НА ВЕШТАЧЕЊЕ во институт на СУДСКА МЕДИЦИНА каде што се ДОКАЖА ДЕКА ИНВАЛИДИТЕТОТ МИ Е ОД СООБРАЌАЈКАТА!!!
Благодарение на извештајот на Венко Филипче јас сум во судски лавиринти веќе 4 години!, пишува Ѓорѓиев.
Многу негативни коментари се напишаа последниве неколку денови за идниот министер за здравство др Венко Филипче и од Шарената револуција и од докторската фела.