Во два случаји нападнати полицајци, поднесени пријави за двајца скопјани

Во два одвоени случаи Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе две кривични пријави поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедност.

Еднта кривична пријава е поднесена против Ф.А.(34) од Скопје откако на 19 септември околу 22.35 часот во Скопје на булевар „Партизански одреди“, при преземање на службено дејствие за сообраќаен прекршок, пријавениот  физички го нападнал полицискиот службеник.

Додека кривична пријава  против В.А.(22) од Скопје е поднесена откако на  18 мај околу 3.40 часот во Скопје, во Градскиот парк,  откако двајца полициски службеници се обиделе на мирен начин да смират група од околу десетина лица коишто  го нарушувале јавниот ред и мир, пријавениот, по упатени навреди кон едниот полициски службеник, физички го нападнал.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави