ВМРО ДПМНЕ попладнево одржа протест пред Министерството за правда, за притворените од настаните на 27 април во Собранието.
На протестот пред граѓаните се обрати Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.
-Денеска видовме како СЈО, кое што нема никаков легитимитет, меѓутоа нема ниту никаква правна основа да постои, особено да не поднесува нови монтирани случаи кои што ги делегира директно СДСМ, денеска повторно измонтираа неколку случаи – рече Костовски.
Пред граѓаните се обрати Мане Јаковлевски од ВМРО ДПМНЕ.
-Наместо инвестиции и нови вработувања, замре економијата. Наместо поголеми плати и пензии, неисплатени плати и откази. Наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен. И животните се вознемирија, почнаа да напаѓаат луѓе. Тоа што актерите, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро се на слобода е цинична и селективна правда на хунтата на власт – рече Јаковлевски.
Тој рече дека ќе продолжат со протестите додека не бидат ослободени притворените.