Уште два дена ќе се чека до конечниот расплет на состојбата околу учеството на Алијансата во Кабинетот на Зоран Заев.
Села утре се враќа од Америка, па по средбата со лидерот на СДСМ ќе биде јасно дали Алијансата ја прифаќа понудата за размена на Министерството за здравство со Секретаријатот за спроведување на реформи или ќе ја напушти владата – пренесува „Алсат М“.
На средбата Заев-Села ќе и претходи состанокот на централното раководство на Алијансата. Од партијата на Села и натаму тврдат дека според првичниот договор, ним им припаѓаат ресорите здравство и локална самоуправа, но од СДСМ се децидни, дека нивен кадар ќе го раководи здравството.