Десетина лица се хоспитализирани по сериозни инциденти што синоќа се случиле во кампот за бегалци Морија на грчкиот остров Лезбос.
Во судирите учествувале Арапи, Авганистанци и Ирачани од кои некои запалиле шатори и друга опрема, не им дозволувале на пожарникарите да влезат во кампот за да го изгаснат огнот и фрлале со камења по нив.
Ситуацијата се смирила откако интервенирал полициски одред за справување со немири.
Засега не е позната причината за судирот меѓу мигрантите.