ЕДНОСТАВЕН ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ МАСНОТИИ

Доколку страдате од вишок масти, тогаш овој рецепт е одличен за вас…

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност зголемените маснотии во крвта се болест на денешницата. Со напредување на болеста доаѓа до здебелување на sидовите на артериите, за што допринесуваат и други ризични фактори (како пушењето, алкохолот, никотинот), а последица од сето тоа, за жал, најчесто се кардиоваскуларните болести кои се една од водечките причини за смртност во светот и кај нас. Доколку имате покачено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина. Многу е едноставен и нема да ви одземе време.

Состојки: Суви смокви и јаболков оцет

Лекот направете го навечер, а појте го наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој претходно сте ставиле два децилитри јаболков оцет.

Нека отстојат цела ноќ, а следното утро изедете ги трите скиселени смокви.

Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет следната вечер повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.

Тие два децилитри оцет користете ги седум дена, поголемиот дел ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Постапката за отстранување на маснотиите од крвта трае 14 дена.

Треба да знаете
Последни објави