Премиерот Заев никогаш не го користел „мерцедесот“ од 600.000 евра

Премиерот Зоран Заев никогаш не го користел „мерцедесот“ од 600.000 евра, тој ги користи другите службени возила.

За безбедноста и превозот на странски гости и делегации кои доаѓаат во земјава, надлежните служби се грижат сето тоа да биде на највисоко ниво.
Ново возило, пак, засега не е во план да се набавува.

Ова беше дел од одговорот на новинарско прашање на владиниот портпарол Миле Бошњаковски за тоа со што се вози Заев и како ќе се превезуваат странски делегации, по вчерашната одлука на Владата да започне постапката за продажба на „мерцедесот“.

„Мерцедесот“ од вчера повеќе не е во сопственост на МВР, туку на Владата и целта е тој да се продаде.

– Ова е само почеток на постапката и нема да штети во судските процеси кои се покренати од СЈО во врска со неговата набавка.
Дали со парите од продажбата ќе се купат амбулантни возила или некоја друга медицинска опрема, ќе се утврдува дополнително. Првин, треба да се знае моментната вредност на возилото бидејќи засега е позната само почетната односно вредноста за која е купен – рече владиниот портпарол.

Треба да знаете
Последни објави