Потписниците на писмото што вчера беше упатено до Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат раководството на партијата вечерва да донесе разумни решенија заради обединување на партијата.
– Ние, потписниците на писмото, очекуваме раководството на партијата вечерва да донесе разумни решенија, кои ќе обезбедат обединувачки капацитет, сè со цел Конгресот да мине во демократска атмосфера, а новиот избран да ја добие поддршката од целокупното членство – рече Илија Димоски
„Се врши притисок и насилие врз членовите. Мицкоски е фаворит на Груевски, но не е фаворит на ВМРО-ДПМНЕ. Постојат многу луѓе блиски до Никола Груевски кои се делегати, а немаат никаков бекграунд во партијата. Конгресот не смее да биде циркус и делегатите да гласаат под притисок“- рече тој.