Солунскиот суд во петок ќе ја соопшти одлуката дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во земјава. Денешното судење било зад затворени врати и иако било најавено, судот не одобрил да сведочи и сопругата на Грујевски, јавува Канал 5.
На барање на одбраната, во Солун сведочел поранешниот претседател на Комисијата за заштитата од дискриминација, Александар Даштевски, во својство на експерт. Одбраната очекува судот да го одбие барањето за екстрадиција.
Против Грујевски и Бошкоски, кои поднесоа барање за азил во Грција, се води уште еден судски процес, за фалсификуваните пасоши со кои тие беа фатени на солунскиот аеродром.