Поранешниот синдикалец Оливер Стојановски, кој пред еден месец учествуваше во сообраќајка возејќи возило на Министерството за одбрана (МО) исчезнат е веќе неколку дена.
Семејството последен пат го видело во петокот во 8 часот наутро, а случајот е пријавен во полиција и во Одбрана и МВР.
„Од случувањето на сообраќајната несреќа до денеска не се појавил на работа. Било доставено боледување со датум до 30 ноември, со најава дека ќе биде обезбедено продолжување на боледувањето. Претпоставените на Стојановски се обиделе да воспостават контакт со него но воопшто не било можно да се воспостави контакт на неговиот телефонски број. Од моментот кога МВР известила за неговото исчезнување, сите податоци кои МВР ги побарало за Оливер Стојановски, биле доставени од страна на неговите претпоставени.“
Оливер Стојановски пред еден месец направи сообраќајна несреќа со возило на МО кое било доделено на синдикатот, а тој не го вратил по заминувањето од претседателската функција.