Спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Македонија ги дадоа своите гласови и ги избраа најдобрите во кошарката за изминатата 2017 година.
На свечената церемонија ќе им бидат доделени и благодарници на спонзорите кои и оваа година беа поддржувачи на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), како и на Специјалната Олимпијада на Македонија која продолжува да промовира развој на кошарката кај лицата со попреченост.
Ќе бидат прогласени и најдобрите во тренерската и судиската фела.
Признанијата ќе бидат доделени в понеделник.
ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА ПРИЗНАНИЈА
Најдобар кошаркар: Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена звезда) 
Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак) 
Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром 
Најдобра женска екипа (сениорки): Бадел 1862 
Најдобра машка екипа (младински): Вардар 
Најдобра женска екипа (младински): Бадел 1862 
Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862) 
Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010) 
Тренер на женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар) 
Тренер на машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри) 
Млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички, репрезентација до 18 години) 
Млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, репрезентација до 16 години) 
Најдобар судија: Алија Феревски.
				
													


