Три лица осомничени за поврзаност со вчерашното убиство во Чаир се приведени во полиција.
Од МВР информираат дека СВР Скопје и Јавното обвинителство интензивно работат на откривање на мотивите поради кои смртно беше застрелан 24 годишниот Бурим Идризи.
Вооружениот инцидент се случи доцна синоќа на улицата “Џон Кенеди”, наспроти средното училиште “Цветан Димов” во општина Чаир.
По вербална расправија меѓу двајцата, убиецот испукал со автоматско оружје од автомобил во движење и го усмртил 24 годишното момче.
По убиството, сторителот кој се движел со возило Југо избегал во непознат правец. Застреланото момче со тешки повреди било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.
Ова е второ убиство од автомобил во движење во Скопје изминативе два месеци, а четврто вкупно. Министерот Спасовски истакна дека полицијата работи на откривање и приведување на извршителите на убиствата. Според него овие настани не може однапред да се превенираат, туку најважно е полицијата брзо и професионално да реагира.