Денеска во 10 часот во Кривичниот суд треба да започне првото рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кој треба да докаже кој и како го вршел нелегалното прислушување.
Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.
Тие се обвинети за прислушување и уништување на опремата од прислушувањето вредна 10 милиони евра.