Денес не се само познатите личности оние кои прават пластични операции. Луѓето од целиот свет го прават ова, некогаш за да го подобрат својот изглед, а некогаш затоа што мораат. Најпознатата пластична операција е на градите, а операцијата на нос и липосукцијата се веднаш зад неа. Ако и вие размислувате за ваква промена, сигурно си имате поставено некои прашања. Погледнете што треба да очекувате по операцијата.
Козметичка и пластична хирургија се различни поими
Не секој прави операција за да изгледа подобро. Многу луѓе подлегнуваат на операции за да ја вратат функцијата на одредени делови од телото. Козметичката хирургија има една цел – подобрување на изгледот. Пластична хирургија, од друга страна, вклучува реконструкција на делови од телото кои се оштетени на каков било начин.
Докторите ќе ви покажат што да очекувате по операцијата
Хирурзите ќе се обидат најмногу што можат да ја направат промената што ја сакате. Но сепак тие не можат да прават чуда и ќе ви покажат реалистични фотографии од тоа што да очекувате по операцијата. Исто така ќе ви покажат и фотографии од други нивни пациенти. Ќе ви бидат поставени и прашања за вашиот животен стил и терапии, бидејќи некои од нив може да влијаат на вашето закрепнување по операцијата.
Некои додатоци за слабеење треба да престанат да се земат пред операцијата
Пред операцијата потребна е физичка и ментална подготовка. Постојат некои лекови кои ќе треба да престанете да ги земате барем две недели пред операција. Хормоналните лекови, како апчиња за контрацепција, спаѓаат овде бидејќи хормоните може да го зголемат ризикот од згрутчување на крвта за време на операцијата. Кога станува збор за менталната подготовка, важно е да бидете позитивни. Ако страдате од депресија или каква било ментална болест бидете свесни дека болката и стресот можат да ги влошат тие симптоми.
Некои процедури траат и до 6 часа
За некои операции потребно е помалку од 1 час, но други може да траат и цел ден. За некои процедури потребно е големо внимание, а оние покомплицираните, како операција на очните капаци, отстранување на маснотии, процедури на вратот и слично, можат да траат и до 6 часа.
Операциите на стомакот и лифтингот на тело зараснуваат најбавно
Ако планирате да правите некоја корекција, имајте на ум дека времето за закрепнување е клучно. За операциите како оние на градите, лифтинг на раце и липосукција, лекарите советуваат да земете одмор од барем една недела. По потешките операции, како намалување на стомакот и лифтинг на тело, ќе треба да одморате дури и до еден месец.
Некои операции се многу опасни
Благодарение на напредокот на медицината, никогаш не било побезбедно да направите пластична операција. Но ова не значи дека не треба да бидете свесни за ризиците. Лифтингот на телото е една од најопасните процедури бидејќи истовремено се одвиваат повеќе операции. Лифтингот на стомакот, задникот, нозете и гениталиите наеднаш значи дека ќе бидете со часови под анестезија, а ова може да има влијание на закрепнувањето. И липосукцијата има одредени ризици, како нерамнини на стомакот и згрутчување на крвта. Реконструкцијата на лицето, особено околу вилицата е многу комплицирана и тешка за изведба.
Закажување операции во други држави ги преплашува лекарите
Овие операции може да бидат навистина скапи, па многумина кои живеат во развиените земји одат во други држави каде што операциите се поевтини. Овој тренд е многу познат во САД, а лекарите се загрижени за ризиците кои доаѓаат со него.