Починало едномесечно бебе вчера во Скопје, а смртта била пријавена во Итна медицинска помош во 9.25 часот истиот ден.
Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.