СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ф.Н., 36-годишниот Ѓ.К. и 43-годишниот Ѓ.Т., сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дело „насилство“.
Имено, на 23.09.2017 година околу 00:45 часот, додека оштетениот се наоаѓал во кафе бар на улица „Македонија“, го прашал првопријавениот (келнер) за претходно случен настан во објектот, по што тој започнал да го навредува со погрдни зборови. По кратко време, откако оштетениот го напуштил локалот, на улица „Македонија“, бил пречекан од пријавените кои го фатиле за раце и истите почнале да го влечат и физички го нападнале.
Како што информира полицијата, оштетениот изгубил свест, паднал на земја, а пријавените продолжеле да го удират со клоци во пределот на телото.