Амди Бајрам седна зад Али Ахмети во Собранието

Пратеникот од Сојузот на Роми, Амди Бајрам на денешната собраниска седница, реши да го промени своето место на седење. Тој седна зад членовите на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, пренесува тв21.

Бајрам пред да го промени местото, се обрати на пратениците, соопштувајќи им дека не е повеќе пратеник на коалицијата За подобра Македонија и ВМРО ДПМНЕ и ќе делува како пратеник на Сојузот на Роми.

Претходно на седницата, констатирани беа оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачески, како и на министерот без ресор во владата, Самка Ибраимовски.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=_lp74Hz4rQU

 

 

Треба да знаете
Последни објави