Пратениците во Собранието вечерва го донесоа буџетот за следнава година едвам со само 62 гласа „за“ и на самата граница на кворумот. Станува збор за најголем буџет досега во историјата во Македонија тежок 3,4 милијарди евра.
Министерот за финансии Драган Тевдовски го образложи Буџетот и во експозето рече дека економијата наредната година се очекува да достигне раст од 3,2 отсто. Тој потсети дека државата ќе мора повторно да се задолжува. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата и не се појавија во пратеничките клупи.
„Покрај покривање на дефицитот во 2018- та година ќе бидат потребни 22,7 милијарди денари за отплати на стари долгови со што за вкупните потреби за финансирањево 2018 година изнесуваат 40,9 милијарди денари. Овие средства ќе се обезбедат со комбинација на задолжување дома и во странство“, рече Драган Тевдовски – министер за финансии.