Девојче (10) се самоуби: Мајката ја пронајде обесена во плакар

Десетгодишно девојче од Колорадо Ашанти Дејвис се обесило откако на социјалните мрежи била објавена снимка на која се гледа како другарка ја тепа.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=S-hTmnCj_N4

 

Според зборовите на нејзиниот татко Ентони Дејвис, таа се самоубила поради злоставување.

-Тоа е ужасно, таа беше едно весело дете и на сите им носеше радост, сакаше да игра во женската НБА, вели тој.

Ашанти, според зборовите на нејзината мајка Латоша Херис, била злоставувана од едно девојче.

-Видов дека детето ми е исплашено, вели мајката.

Видеото од тепачката, снимено со мобилен е објавено на една апликација меѓу иосновците во САД, а наменета за деца постаори од 13 години. Очигледно апликацијата е популарна и меѓу помладите деца, зошто регистрацијата не бара години. Детето, според зборовите на мјаката, после тоа било очајно.

-Мојата ќерка после две недели се обеси во плакарот, вели мајката.

Девојчето починало речиси две недели откако било хоспитализирано, кога родителите решиле да ја исклучат од апаратите.

Нејзините родители се надеваат дека трагичната судбина на нивната ќерка ќе им помогне да ги спасат животите на други деца.

 

https://www.youtube.com/watch?v=hVlWhzRBVds

 

 

Треба да знаете
Последни објави