Го заклучиле во канцеларијата и го тепале за да потпише спогодба за престанок на работен однос
В.В.(34) од с.Стење, ресенско, пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во Скопје, на ул.„Скупи 6“, поточно во станбениот комплекс „Св.Јован“, додека бил на своето работно место, дошле две лица, влегле во неговата канцеларија, ја заклучиле вратата и извадиле некакви документи и му рекле да ги потпише.
Документите се однесувале за престанок на работен однос и спогодба со фирма каде В.В. бил управител за да си замине од истата. Откако В.В. одбил да потпише, едното лице го фатило за врат и почнало да го дави, додека другото лице го удирало со тупаници во пределот на телото. Во еден момент едниот од сторителите од џебот извадил пиштол и му се заканил, при што В.В. од страв ги потпишал документите со потпис различен од потписот со кој вообичаено се потпишувал.
Двајцата сторители во канцеларијата без негова согласност го држеле околу 30 минути заклучен, потоа му ги земале клучевите од канцеларијата и го избркале од комплексот, по што В.В. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.