Во сообраќајка која што ноќеска по 3 часот по полноќ се случи во близина на основното училиште Кочо Рацин во Скопје загина 23-годишен скопјанец, а негов врсник од Охрид е во животна опасност.
Д.С. (23) од Скопје управувајќи возило БМВ со скопски регистарски ознаки удрил во столб на булеварот Мајка Тераза.
Возачот и сопатникот А.Н. (23) од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде околу 3 часот и 50 минути Д.С. починал, а А.Н. се уште е во животно-загрижувачка состојба