Ограбена 62-годишна жена, и влегле на спиење, и ја затвориле устата со рака, па краделе
Вчера во 14,15 часот Г.И.(43) од с.Кадино-Скопје, пријавила дека на 22/23.12.2017 година во периодот од 22,00 до 10,00 часот во истото село, во куќата на нејзината мајка М.Ѓ.(62) која живеела сама и била со нарушено здравје, од страна на две лица и било извршено разбојништво на тој начин што преку незаклучената влезна врата влегле во куќата додека оштетената спиела, по што едно од лицата со рака и ја затворило устата, од рака и го одзело прстенот, а потоа одзеле еден телевизор и го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.