Апелациониот суд одлучува дали снимките од „Јутјуб“ ќе бидат доказ против Заев

Денеска во 11.30 часот Апелациониот суд ќе ја одржи јавната седница на која треба да одлучува по жалбата на адвокатите на премиерот Зоран Заев.

 

Но, пред апелационите судии да расправаат дали видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката, во кривичниот суд е закажано судењето за случајот „Поткуп“ во кој Заев е обвинет за примање поткуп.

Претходната расправа во Апелациониот суд по жалба на адвокатите на Заев беше одложена на неопределено време. Причината за одлагањето е тоа што судијата Африм Фидани стана врховен судија. 

Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

Треба да знаете
Последни објави