Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири отсто во споредба со октомври, минатата година, објави вчера Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите уметност, забава и рекреација, рударство и вадење камен и преработувачка индустрија.
Во однос на септември, зголемување на нето-платата е забележано во секторите рударство и вадење камен, транспорт и складирање и снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Просечната бруто-плата по вработен изнесува 34.266 денари и таа е зголемена за 3,8 отсто во однос на истиот месец лани. Во октомври 1,6 отсто од вработените не зеле плата.