“Козле преполна“ вирусите допрва ќе напаѓаат

Дечињата најчесто се жалат на затнат нос, кашлица, тешкотии со дишењето. Во моментов таму капацитетите се сместување се речиси полни.

Променливото време ги наполни болниците. Утринските минусни температури кои преку ден се искачуваат и до 15 степени ги разболеа граѓаните. Се повеќе пациенти со грип и вируси бараат помош од докторите. Најпогодени се дечињата, бидејќи ова е период на респираторни вируси кои го напаѓаат кревкиот детски организам, велат лекарите. Од Детската болница „Козле“ велат дека расте бројот на пациенти кои се лекуваат кај нив. Дечињата најчесто се жалат на затнат нос, кашлица, тешкотии со дишењето. Во моментов таму капацитетите се сместување се речиси полни. 80 дечиња и 50-тина родители се хоспитализирани во болницата. 
 
Сезонските вируси ги преполовија групите во детските градинки – се повеќе дечиња се на домашно лекување. Инфектолозите предупредуваат дека вирусите допрва ќе земат замав, бидејќи според статистиките најголем број заболени традиционално има по новогодишните празници. Пациентите кои ќе покажат симптоми на грип и настинки совет да побараат кај матичните лекари, а не на своја рака да злоупотребуваат антибиотици, апелираат здравствените работници. 
 
И на Клиниката за пулмологија во Скопје вчера потврдија дека променливото време во комбинација со аерозагадувањето го зголеми бројот на пациенти со респираторни заболувања. 
Од Институтот за јавно здравје пак информираат дека само минатата недела регистрирани биле 92 ново заболени од грип. Од стартот на сезоната здравствените власти примиле над 850 пациенти со симптоми на грип. 
Треба да знаете
Последни објави