Со 61 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа неврохирургот Венко Филипче за нов министер за здравство. Вкупно гласаа 63 пратеници, од кои еден беше воздржан, а нема гласови против.
Со ова конечно се пополнува местото министер во овој ресор откако од Министерството си замина Арбен Таравари, кој беше избран за градоначалник на Гостивар.
Во свечената изјава пред парламентот Филипче рече дека функцијата министер за здравство ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитува Уставот и зкаоните на Република Македонија.
Со 62 гласа „за“ Собранието го изгласа и Аксел Ахмедовски за министер без ресо задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Ахмедовски доаѓа на местото на Самка Ибраимовски кој си поднесе оставка и се врати во пратеничките клупи.