Вчера околу 19 часот, Ш.Р.(49) од Тетово пријавил дека на улица „Илинденска” во Тетово од страна на непознати сторители било одземено неговото патничко моторно возило пасат, со тетовски регистерски ознаки.
Возилото било незаклучено и во погон, а тој се симнал нешто да купи и кога се вратил, веќе го немало на тоа место.
Во возилото имал повеќе документи и мобилен телефон. Околу 1.20 часот одземеното возило било пронајдено на паркинг пред зграда на улица „Мара Угринова“ во Гостивар.