Момче почина на скопската Клиника
Во три часот по полноќ од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавено е дека починал 26-годишниот М.Ј. од Кратово, кој со возило на Итна медицинска помош Куманово бил донесен на клиниката претходниот ден околу 22 часот и 15 минути.
Од страна на полициски службеник извршен е разговор со докторот кој го примил лицето, во бесознание и бил под дејство на наркотични средства.
За жал, во 02 часот и 50 минути тој починал.
Во консултација со Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.