Mицковски по средбата со Заев: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе соопшти дали ќе се врати во Собрание

Mицковски по средбата со Заев: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе соопшти дали ќе се врати во Собрание

Средбата во Владата на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, траеше еден и пол час, на која разговарале за, како што рече Мицковски, за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, и како што вели тој, нормално се разликуваат.

Новиот лидер на опозицијата не одговори дали со премиерот разговорале и за притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопштиме дали пратениците на ВМРО- ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание – рече Мицковски по средбата со Заев, истакнувајќи дека веднаш по средбата, ќе присуствува на средба со пратеничката група по што ќе се знае какви ќе бидат натамошните чекори и на каков начин ќе дејствуваат пратениците во Собранието.

– Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист – рече Мицкоски.

Тој изјави дека иницијативата за денешната средба била на премиерот. Мицкоски напомена дека ваквите средби се конструктивни и очекува да ги има почесто во наредниот период

Одговарајќи на новинарско прашање, дали по неговото назначување за претседател на партијата, таа ќе се реформира во политичката реторика, Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи.

Треба да знаете
Последни објави