Најмалку едно лице загинало, а неколку биле повредени во пукање во фабрика за колачи во Москва, кога поранешниот сопственик на фабриката отворил оган.
Пукањето почнало кога поранешниот сопственик Илја Аверјанов, по расправија отворил оган и убил еден човек. Ранил уште двајца и неколку лица земал како заложници, јавува Sputnik.
Според најновите информации, мажот кој загинал е работник во обезбедувањето.
“Во зградата број 20 на Иловајска улица, двајца мажи се скарале поради деловни проблеми. Еден извадил пиштол и пукал во другиот, а овој останал мртов на лице место”, се наведува во соопштението на Прес службата на московската полиција, пренесува “NTV”.
Некои медиуми јавуваат дека пукањето се случило во фабриката за колачи “Мењшевик” и дека директорот на таа фабрика запукал во соработниците.
Според неофицијални информации, меѓу повредените има и извршители, кои во фабриката наводно дошле да наплатат долгови.
Полицијата ја обиколила областа и се обидува да преговара со напаѓачот, наведува Sputinik, кој засега не изнел ниикакви барања и се крие во фабриката.