Аерозагадувањето во Скопје и во Тетово со ПМ10 честички веќе два дена ги надминува праговите за алармирање, па Министерството за животна средина веќе ја испрати оваа информација до надлежните органи.
Од утре стапуваат во сила договорените препораки и мерки.
Им се препорачува на ситре работодавачи да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Препорака е да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.
Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Треба да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Владата треба да ја наамали за 50 отсто употребата на службените возила и да ги ограничи работите на градежните објекти
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Министерството за здравство треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до Институтот за јавно здравје за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сѐ до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.
Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење на зачестена контрола на инсталациите кои поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух.
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.
Единиците на локалната самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините, соопшти Министерството за животна средина.